Врз основа на одлуката на Градоначалникот на Општина Кичево со бр. 04-1762/2 од 15.04.2026 година, како и врз основа на член 108 став (1) алинеја 6, член 109 и член 115 од Законот за основното образование („Службен весник на РСМ“ бр. 161/19, 229/20, 3/25, 74/25 и 250/25) и член 42 од Статутот на училиштето, Училишниот одбор на ООУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу“с.Србица-Кичево објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на директор на училиштето

За директор на основно училиште може да биде избран кандидат кој покрај општите услови предвидени во ЗРО, треба да ги исполнува и следните услови:
-Државјанин на РСМ и со општа здравствена способност;
-Високо образование – Факултет (VII/1 или 240 ЕКТС);
-Најмалку 5 години работно искуство во основно училиште како наставник или стручен соработник;
-Положен испит за директор, (или обврска да го положи во рок од 1 година);
-Сертификат за познавање на еден од јазиците на ЕУ, Ниво Б2, не постар од 5 години;
-Доказ за познавање на македонскиот јазик;
-Програма за работа на училиштето за период од 4 години;
-Уверение од Суд дека не е осуден за кривично дело и не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење професија, дејност или должност.
Училишниот одбор го задржува правото да побара дополнителна документација од кандидатите, доколку оцени дека е потребно за верификација на условите предвидени во конкурсот.
Рокот на огласот ќе биде отворен 8 (осум) дена од денот на објавувањето во дневните весници.
Кандидатите треба да ги достават доказите за исполнување на горенаведените услови во оригинал или копија заверена на нотар, лично или по пошта во архивата на Училиштето.

Од Училишниот одбор на ООУ „Ѓ.К.Скендербеу„